Skip to content Skip to footer

Обезбедете енергетски ефикасен дом со програмата GEFF на ЕБРД

Во зимските месеци поради ладното време имаме потреба да трошиме повеќе енергија. Македонија нема доволно производствени капацитети за да ги задоволи потребите за енергија на потрошувачите, а тоа значи неизбежен увоз на енергија од странство. Во изминатите месеци земјата се соочи со енергетска криза, која е последица на кризата која го погоди речиси целиот свет. Како последица на тоа, домаќинствата ќе мора да плаќаат повисоки сметки за енергија. Но, има решение, а тоа е населението да „ја земе енергијата во свои раце“ и да одговори на покаченатите цени за енергијата со инвестирање во енергетски ефикасни технологии.

Енергетски ефикасни домаќинства – паметен и брз одговор на растечките цени на енергијата

Во суштина, енергетската ефикасност значи користење помалку енергија за вршење на истата работа или истата функција. Неопходно е да се направи разлика помеѓу „енергетска ефикасност“ и „штедење енергија“. Штедењето енергија секогаш имплицира некаков вид на апстиненција, односно намалување на волуменот на работа, додека ефикасната употреба на енергијата во домаќинствата значи одржување на истиот квалитет на живот. Имплементацијата на мерки за енергетска ефикасност, како што е термалната изолација, инсталацијата на топлински пумпи, соларни панели, печки на пелети, енергетско ефикасни прозорци и врати, води до помала консумација на енергијa и со тоа помала емисија на стакленички гасови. Сето тоа придонесува за исполнување на чекорите дефинирани со Зелениот план на ЕУ. Исто така, што е уште побитно, на годишно ниво има значителна заштеда на пари. На пример, со инсталација на топлинска пумпа во комбинација со добра термална изолација на надворешните ѕидови на еден семеен дом сметката за енергија за една семејна куќа драстично ќе се намало во споредна на традиционалните системи или пак во споредба со котлите на струја, и при тоа е вклучено и имањето постојано санитарна топла вода во домот.

Топлинските пумпи трошат 4 до 5 пати помалку енергија отколку конвенционалните системи за греење

Топлинските пумпи станаа тренд и совршено решение за греење и ладење во домовите. Се поголема е побарувачката од страна на сопствениците на домови, кои сакаат да ги заменат постојните системи за греење, особено старите котли, со поефикасни, поисплатливи и полесни за користење системи, кои ја намалуваат потрошувачката на енергија, емисијата на CO2 и истовремено ви штедат и пари и енергија. Кога станува збор за загревањето на домовите, една од најдобрите опции е инвестирањето во топлинска пумпа. Тие се самостојни уреди кои користат современа технологија за да обезбедат греење и ладење во домовите и во деловните објекти. Ниските трошоци за инсталација се уште една причина за да се одлучите лесно и економично да ги замените постојните системи за греење. Топлинските пумпи користат 4 до 5 пати помалку енергија отколку кој било друг конвенционален систем за греење. Тие имаат исклучително висока стапка на ефикасност и токму затоа брзо стануваат омилена технологија не само во домовите во Македонија, туку и генерално во целиот регион на Западен Балкан.

Како да аплицирате за субвенции од GEFF програмата ?

Чекор 1
– Дојдете во нашите простории
– Добивате профактура од нашата компанија за избраната опрема
– Добивате и сертификат за продуктот одобрен од GEFF

Чекор 2
– Носење на профактурата и сертификатот во банка
– Банката прави проценка, доколку проценката е позитивна се одобрува финансирање при купување

Чекор 3
– Потребно е да се направи слика пред и после инсталацијата

Чекор 4
– По инсталирање на опремата,  од нашата компанија добивате фактура, со која  ја потврдувате валидностата на приложената документација

Чекор 5
– Верификација на објект. По успешната потврда банката ќе го исплати финансискиот поттик на вашата сметка, во вредност од 15-20 % од целокупната инвестиција. ЗАГАРАНТИРАН ПОВРАТ НА СРЕДСТВАТА!

Во Македонија, финансирањето на GEFF е достапно преку следните партнерски финансиски институции: Комерцијална банка, НЛБ банка, ПроКредит банка  и Шпаркасе банка.

А вие, доколку имате некои дополнителни прашања околу оваа тема или пак можеби се уште немате топлинска пумпа во вашиот дом и сте заинтересирани за истата, слободно пополнете ја контакт формата а нашиот експертски тим, ќе ве исконтактира во најбрз можен рок.

1 Comments

  • Zaklina
    Posted октомври 2, 2024 at 3:58 pm

    Bi sakala da ugradam vakov sostem doma nemame predhoda pumpa za greenje bi sakal na novo se da se naemsri bes banka direknonpacanje kesh za kuka od da kazeme 70 kvadrati ama ne sum sig kolku e toa ?

Leave a comment

Заследете нè на социјалните мрежи !

Go to Top