Skip to content Skip to footer

Пет чести митови за топлинските пумпи – и што е вистина?!

Кога станува збор за топлинските пумпи, многу луѓе имаат предрасуди или недоразбирања. Во овој блог пост, ќе разгледаме пет чести митови поврзани со топлинските пумпи и ќе откриеме што е вистина.

Мит 1: Топлинските пумпи не се ефективни во ладни клими.
– Современите топлински пумпи се дизајнирани да работат ефикасно и на екстремно ниски температури. Нивните технологии овозможуваат загревање дури и при многу студени услови.

Мит 2: Топлинските пумпи се скапи за инсталација.
– Иако почетната инвестиција може да биде повисока, топлинските пумпи заштедуваат пари на долг рок со намалени сметки за енергија.

Мит 3: Топлинските пумпи служат само за греење.
– Топлинските пумпи можат и да греат и да ладат, што ги прави идеално решение за удобност во текот на целата година.

Мит 4: Топлинските пумпи се бучни.
– Со современите технологии, топлинските пумпи работат многу тивко, што ги прави одличен избор за домови, посебно доколку сте осетливи на звуци при спиење односно имате сензитивен сон или пак мало бебе. 🙂 

Мит 5: Одржувањето на топлинските пумпи е комплицирано.
– Одржувањето на топлинските пумпи е просто и вклучува само редовно чистење на филтрите и проверка на системот. Истото нема да ви одземе ниту многу време, ниту многу пари. 

Разбивањето на овие митови не само што ќе ви помогне да направите информиран и сугурен избор, туку и да ја искористите топлинската пумпа на најдобар можен начин. 

А вие, доколку имате некои дополнителни прашања околу оваа тема или пак можеби се уште немате топлинска пумпа во вашиот дом и сте заинтересирани за истата, слободно пополнете ја контакт формата а нашиот експертски тим, ќе ве исконтактира во најбрз можен рок.

Заследете нè на социјалните мрежи !

Go to Top