Skip to content Skip to footer

VARMO онлајн сервис преку мобилна апликација

Во денешницата, со секојдневниот брз начин на живот, практичноста и ефикасноста со цел заштеда на време се најважни. Ние, тимот на Varmo, разбирајќи ја оваа проблематика и имајќи на ум како функционираат традиционалните методи на сервисирање на топлински пумпи и колку целата таа процедура чини време и пари, најдовме вистинско решение за сето тоа! Ја развивме нашата иновативна мобилна апликација за сервисирање на параметри, дизајнирана да го олесни одржувањето на топлинската пумпа што е можно повеќе.

Што е онлајн сервис апликацијата?

Мобилната апликација за онлајн сервис е современа алатка достапна за уредите со Android или iOS. Направена е да ги детектира проблемите или грешките при сетирање или промена на параметрите на системот. Обезбедува беспрекорен начин за нашите клиенти да управуваат и да ги одржуваат своите топлински пумпи директно од нивните паметни телефони. Без разлика дали сте дома или во движење, можете да бидете сигурни дека помошта и техничката поддршка ја имате со само неколку клика. 

Како се користи онлајн сервис апликацијата?

  1. Инсталирајте ја апликацијата: преземете ја апликацијата од Google Play Store или Apple App Store.
  2. Најавете се: едноставно скенирајте го бар-кодот на вашата топлинска пумпа користејќи ја апликацијата за да се најавите. Ова осигурува дека вашиот уред е безбедно поврзан со вашата сметка.
  3. Останете поврзани: Откако ќе се најавите, ќе имате пристап до низа функции дизајнирани да одржуваат непречена работа на вашата топлинска пумпа.
  4. Детекција на проблем: Доколку се јави технички проблем со параметрите на топлинската пумпа, ќе добиете известување аларм. 

Клучни карактеристики

Инстант помош: Нашиот сервисен тим, по пријавата е известен веднаш и ќе ви ја обезбеди потребната поддршка онлајн. Ова значи брза реакција и брзо решение, односно заштеда на време и помалку прекини на системот на топлинската пумпа. 

Кориснички интерфејс: Нашата апликација е дизајнирана да биде user-friendly, што значи олеснета навигација и лесно користење на сите функции на истата. 

Придобивки од нашата онлајн сервис апликација

Погодност: Управувајте со вашата топлинска пумпа од секаде и во секое време.

Ефикасност: Брзото откривање и решавање проблеми со параметрите

Безгрижност: Знаејќи дека стручната помош е лесно достапна, ви овозможува помалку грижи при јавување на било каков проблем или грешка при сетирање и/или промена. 

Со онлајн сервис апликацијата, управувањето со вашата топлинска пумпа никогаш не било полесно. Апликацијата гарантира дека помошта ви е секогаш на дофат, обезбедувајќи брзо откривање проблеми, ефикасни решенија и инстант професионална помош. 

** Дознајте зошто треба да ја одберете Varmo топлиснката пумпа.

А вие, доколку имате некои дополнителни прашања околу оваа тема или пак можеби се уште немате топлинска пумпа во вашиот дом и сте заинтересирани за истата, слободно пополнете ја контакт формата а нашиот експертски тим, ќе ве исконтактира во најбрз можен рок.

Заследете нè на социјалните мрежи !

Go to Top